Портпаролот на ИДФ: Посетата на Бајден нема да ја одложи копнената операција во Газа
- Портпаролот на израелските одбранбени сили изјави дека војската не очекува утрешната посета на Израел на американскиот претседател Џо Бајден да ја одложи или комплицира копнената операција во Газа.

Газа, 17 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека војската не очекува утрешната посета на Израел на американскиот претседател Џо Бајден да ја одложи или комплицира копнената операција во Газа.
-Мислам дека претседателот исто така рече дека „Хамас треба да биде уништен“, а тоа е токму нашата воена цел, изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Џонатан Конрикус.
Бајден ќе оствари утре посета на Израел што се толкува како демонстрација на огромната поддршка на Вашингтон за Ерусалим по нападот на Хамас на 7 октомври.
Тој ќе биде првиот шеф на држава што ќе го посети Израел од почетокот на конфликтот. мс/
фото: МИА архива