• среда, 25 декември 2024

Портпаролка на УНРВА: Жителите на Газа живеат во неподносливи услови

Портпаролка на УНРВА: Жителите на Газа живеат во неподносливи услови

Женева, 28 јуни 2024 (МИА) - Жителите на Газа се принудени да живеат во урнати згради и шатори крај огромни купишта ѓубре, изјави портпаролката на ООН, Луис Вотериџ.

Вотериџ од агенција на ОН за палестински бегалци (UNRWA) ги опиша условите за живот на жителите на палестинската територија како „исклучително страшни“ и им рече на новинарите во Женева преку видео врска од центарот на Газа дека ситуацијата е „навистина неподнослива“.

Таа додаде дека ситуацијата се влошила во последните четири недели.

„Денес е најлошо до сега, а утре ќе биде уште полошо,“ изјави таа. Поради деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас, Газа е уништена. Тешко е да се донесе гориво и безбедно да се дистрибуира помош, потенцираше таа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан