Порто ремизираше со Ал Ахли и го заврши настапот на Светското клупско првенство
- Поранешниот европски првак Порто ноќеска ремизираше со Ал Ахли 4:4 во групната фаза на Светското клупско првенство.
Њујорк, 24 јуни 2025 (МИА) – Поранешниот европски првак Порто ноќеска ремизираше со Ал Ахли 4:4 во групната фаза на Светското клупско првенство.
Египетскиот тим во четири наврати имаше водство, португалскиот претставник постојано изедначуваше, но не успеа да направи целосен пресврт.
Родриго Мора, Вилијам Гомез, Самуел Омородион и Пепе постигнаа голови за португалскиот тим. Весам Абу Али постигна хет-трик за Египќаните, а Мохамед Али Бен Ромдан постигна уште еден гол.
По резултатите од групната фаза, Порто и Ал Ахли освоија по два бода и го завршија својот настап на турнирот, како трето и четвртопласирани во Групата А. Палмеирас и Интер Мајами, со по пет бода, се пласираа во плејофот. зс/
Фото: ЕПА