• сабота, 23 ноември 2024

Поранешниот француски репрезентативец Адамс почина по 40 години во кома

Поранешниот француски репрезентативец Адамс почина по 40 години во кома
Париз, 6 септември 2021 (МИА) – Поранешниот француски фудбалер Жан – Пјер Адамс, кој во текот на 70-те години од минатиот век го носеше репрезентативниот дрес, почина на 73-годишна возраст, откако 40 години беше во кома, соопштија денеска неговите поранешните клубови ПСЖ и Нанси. Адамс беше во кома од март 1982 година, кога пред рутинска операција на коленото му беше вбризгана преголема доза анестетик што предизвика оштетување на мозокот. Неговата сопруга Бернадет одби евтаназија и оттогаш постојано се грижеше за поранешниот француски репрезентативец. Роден во Сенегал, црномуресниот Адамс во периодот од 1972 до 1976 година одигра 22 натпревари за Триколорите и заедно со прославениот Мариус Трезор го сочинуваа францускиот одбранбен бедем познат под прекарот „црна стража“. ег/паг/

Остани поврзан