• петок, 05 декември 2025

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра, кој е  затворен за корупција, побара помилување од тајландскиот крал

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра, кој е  затворен за корупција, побара помилување од тајландскиот крал

Бангкок, 29 септември 2025 (МИА) - Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, кој отслужува затворска казна за корупција, повторно официјално побара помилување од кралот, потврдија извори од Министерството за правда, цитирани од тајландската телевизиска станица Таи ПБС (Thai PBS).

Секој тајландски граѓанин кој отслужува казна, вклучувајќи го и Таксин, има право да поднесе барање за помилување преку Генералниот директорат на затворите, а ова право важи и за неговите роднини. Конечната одлука за помилување или намалување на казната е целосно во надлежност на кралот на Тајланд и не е предмет на жалба или оспорување.

Случајот со Таксин Шинаватра предизвика јавен интерес, бидејќи тој веќе еднаш доби помилување од кралот, со што неговата осумгодишна казна беше намалена на една година. Меѓутоа, во јавната сфера се појави прашањето дали Таксин има право повторно да поднесе барање за помилување, откако веќе еднаш ја искористи ваквата можност.

Таксин Шинаватра веројатно верува дека веќе ја отслужил својата едногодишна казна, што вклучуваше шест месеци во болница под полициски надзор и уште шест месеци условна казна. Сепак, на 9 септември, Врховниот суд пресуди дека тој не страда од опасни по живот болести што би го оправдале неговиот продолжен престој во болница. Судот, исто така, нагласи дека казната сè уште не е формално извршена од страна на Генералната дирекција на затворите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан