• вторник, 24 декември 2024

Поранешниот претседател на Хондурас осуден во САД на 45 години затвор

Поранешниот претседател на Хондурас осуден во САД на 45 години затвор

Њујорк, 26 јуни 2024 (МИА) – Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, (55), е осуден од американски суд на 45 години затвор за злосторства поврзани со дрога, пишува Би-Би-Си.

Хернандез во март беше прогласен за виновен за заговор за увоз на кокаин во САД и поседување оружје, вклучително и митралези. Обвинителите во Њујорк изјавија дека тој управувал со Хондурас како со „нарко-држава“ и земал милиони долари мито од трговците со дрога за да ги заштити од законот.

-Ја асфалтираше кокаинската автострада до САД, заштитен со митралези, кажаа обвинителите во завршните зборови пред изрекувањето на пресудата.

Покрај затворската казна, поранешниот претседател на Хондурас ќе треба да плати и парична казна од осум милиони долари.

-Јас сум невин, рече Ернандез на изрекувањето на пресудата, наведуваат американските медиуми. „Бев погрешно и неправедно обвинет“, додаде тој.

За време на сослушувањето, судијата го нарече Хернандез „дволичен политичар жеден за власт“, ​​јавија американските меидуми. Хернандез е во затвор во Бруклин од неговата екстрадиција во САД.

Хернандез беше претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, останувајќи на функцијата два последователни мандати во оваа јужноамериканска земја со над 10 милиони жители. Тој првично се вклучи во претседателската трка како кандидат кој ќе воведе ред и закон во земјата и вети дека ќе се справи со криминалот во земјата, поврзан пред се со дрогата.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан