• понеделник, 23 декември 2024

Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава

Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот министер за надворешни работи и претседател на невладината организација „Солуција“ Никола Димитров во објава на Фејсбук соопшти дека изутрината додека пазарел бил нападнат од човек кој не го познава, како што пишува, со „агресија и закани“.  

Како што наведува, случајот го пријавил.

-Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани. Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран. Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа. Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира. Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив. Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар, стои во објавата од Димитров.

Димитров беше министер за надворешни работи во поранешната Влада на СДСМ.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан