• петок, 05 декември 2025

Поранешниот министер за правда на ДР Конго осуден на три години затвор поради проневера на 19 милиони долари

Поранешниот министер за правда на ДР Конго осуден на три години затвор поради проневера на 19 милиони долари

Киншаса, 2 септември 2025 (МИА) – Касацискиот суд во Демократска Република Конго денеска го осуди поранешниот министер за правда Констант Мутамба на три години затвор поради проневера на 19 милиони долари јавни средства наменети за изградба на затвор.

Мутамба, кој во јуни поднесе оставка поради случајот, прогласен е за виновен за проневера на средства наменети за изградба на затвор во градот Кисангани.

Тој е осуден бидејќи дејствувал со намера за незаконско богатење и оти не ја почитувач процедурата за реализација на проектот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан