Поранешниот капитен на Селта, Маљо, парично казнет за сексуално злоупотребa
- Шпанскиот фудбалер и поранешен капитен на Селта, Хуго Маљо париќмо е казнет денеска на парична казна за сексуално злоупотребување жена вработена во прволигашот Еспањол за време на гостувањето во Барселона во 2019 година.
Барселона, 12 септември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалер и поранешен капитен на Селта, Хуго Маљо париќмо е казнет денеска на парична казна за сексуално злоупотребување жена вработена во прволигашот Еспањол за време на гостувањето во Барселона во 2019 година.
Судијата му изрече парична казна од 6.000 евра, како и дополнителни 1.000 евра обесштетување на жената, која облечена во костим на папагал, претставувајќи ја традиционалната маскота на Еспањол, легендарниот капитен на Селта ја допре по градите.
Тој ќе треба да ги плати и судските трошоци на постапката.
Маљо (33) од почеток го негираше делото и може да се жали на казната.
Случајот беше привремено затворен, но регионалниот суд во Барселона нареди повторно отворање на постапката во 2021 година по жалба на адвокатот на жената.
Маљо сега настапува за грчкиот клуб Арис. ег ФОТО: Фејсбук