Поранешниот дом на Хари и Меган ѝ припадна на принцезата Јуџини
- Имено, братучетката на престолонаследникот, нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк и нивниот син Огуст, живееја во „Фрогмор“ откако Меган Маркл и принцот Хари го напуштија Обединетото Кралство.

Лондон, 24 ноември 2022 (МИА) - Британската принцеза Јуџини и нејзиното семејство, наводно, „тивко“ се преселиле од имотот „Фрогмор“ во „Нотингем“, пишува „Експрес“ (The Express).
Имено, братучетката на престолонаследникот, нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк и нивниот син Огуст, живееја во „Фрогмор“ откако Меган Маркл и принцот Хари го напуштија Обединетото Кралство. Но, Јуџини и Џек, се чини, го избрале имотот „Нотингем“ како ново кралско живеалиште. [caption id="attachment_1806703" align="aligncenter" width="959"]