• вторник, 24 декември 2024

Поранешната финска премиерка објави слики од себе во бикини

Поранешната финска премиерка објави слики од себе во бикини

Хелсинки, 29 ноември 2023 (МИА) - Поранешната финска премиерка Сана Марин предизвика лавина реакции во својата земја и ширум Скандинавија, откако позираше во бикини, објави порталот „Ис“.

Инаку, Марин на почетокот на септември поднесе оставка на функцијата претседателка на финската Социјалдемократската партија, со надеж дека ќе го оттргне вниманието од својот приватен живот по четири турбулентни години на чело на партијата. Меѓу фотографиите коишто се објавени на Инстаграм, вниманието на јавноста и на тамошните медиуми го привлече и сликата каде што политичарката е во танга-гакички.

„Марин објави слики во бикини - леле, каква убавица од плажата!“, „Дали сте навистина среќни во Вашиот живот како ’самец‘ кога објавувате вакви работи“, „Нема многу што да се покаже во тие бикини на сликиве!“ - гласат дел од коментарите на Финците.

Марин, која ја објави својата одлука да се повлече веднаш по нејзиниот изборен пораз, претходно стана најмладиот премиер на светот во 2019 година - на 34-годишна возраст, привлекувајќи го светското внимание со своите намери да го зајакне имиџот на Финска.  си/

Фото: Фејсбук, фотоисечок

Остани поврзан