Поранешната сопруга на Кевин Костнер се сврши со негов поранешен пријател
- Баумгартнер и Костнер го завршија својот брак во мај 2023. - по 20 години брак, а таа почна врска со Конор истата година.
Лос Анџелес, 30 јануари 2025 (МИА) - Речиси две години по разводот со Кевин Костнер, дизајнерката Кристин Баумгартнер се сврши со Џош Конор - финансиер и поранешен пријател на славниот глумец, пишува „Пипл“ (People).
Според западните медиуми, парот се свршил на 26 јануари за време на интимна вечера на празна плажа во Калифорнија.
Баумгартнер и Костнер го завршија својот брак во мај 2023. - по 20 години брак, а таа почна врска со Конор истата година. Пред 11 месеци ставија крај и на долгиот, бурен процес по разводот, при што на крајот, Кристин добила месечна алиментација од нешто повеќе од 60.000 долари.
Според пишувањата тогаш, Костнер и порано се сомневал во нејзино неверство со Конор. „Оскаровецот“ призна дека разводот му бил исклучително тежок, но имал силна поддршка од своите деца. си/сд/
Фото: ЕПА, Фејсбук-објава, фотоисечок