• понеделник, 23 декември 2024

Поранешната премиерка на Нов Зеланд Џасинда Ардерн ја доби наградата за лидерство на ОН

Поранешната премиерка на Нов Зеланд Џасинда Ардерн ја доби наградата за лидерство на ОН

Њујорк, 22 ноември 2024 (МИА) – На поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, вчера и беше доделена наградата за глобално лидерство од Фондацијата на Обединетите нации.

Годишните награди „Ние народите“ им оддаваат признание на оние кои „постигнале големо влијание на светската сцена“, соопшти Фондацијата на ОН.

На Ардерн и беше доделена наградата „Шампион за глобални промени“, како признание за „нејзиното врвно и емпатично лидерство, посветеноста на застапувањето на правата на жените и негувањето на единството и мирот“, се вели во цитатот.

Меѓу другите добитници на наградите беа „Тајм“, поетесата и активистка Аманда Горман, кантавторката Анжелик Киџо, претприемачката Луиз Мабуло и луѓето за итна реакција на ОН.

Ардерн, која минатиот месец беше прогласена за дама, едно од највисоките почести во Нов Зеланд, неочекувано поднесе оставка од премиерската функција во јануари 2023 година, наведувајќи ја исцрпеноста по пет години како лидерка.

Таа сега е покровител на Крајстчерч Кол, кој го воспостави по терористичкиот напад во Крајстчерч во кој загинаа 50 луѓе во 2019 година. Ардерн, исто така, се приклучи на одборот на доверители на наградата Earthshot на принцот Вилијам и моментално пишува книга, а датумот на издавање допрва треба да се одреди. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан