• вторник, 26 ноември 2024

Пораки за интеграција на регионот на сесијата „Што по војната во Украина?“

Пораки за интеграција на регионот на сесијата „Што по војната во Украина?“
Охрид, 16 јуни 2022 (МИА) - Натамошниот развој и интеграцијата на регионот во ЕУ и потребата од отстранување на пречките за реализација на поставените цели во таа насока, беа дел од темите во излагањата на учесниците на официјална воведна сесија на високо ниво „Што по војната во Украина?“ во рамки на Преспа форумот за дијалог, што се одржува во Охрид. Земјите од источното крило се изложени на злонамерното влијание на руската пропаганда – Грузија, Молдавија, Босна, и ќе кажам уште две земји Србија и Косово кои знаеме дека не се признаваат меѓусебе, но се дел од Западен Балкан. Тоа се прашањата за кои ќе се одлучува, смета хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.  -Мора да се признаат меѓусебно инаку нема придвижување напред. Германија, Франција, нордиските земји, останатите држави членки – Словенија, Хрватска, претседателот Пахор има иницијативи, да е до нас веднаш ќе им дадеме секаков статус. Знаеме кој треба да се обвини, но Хрватска и Словенија не се пречка, Бугарија не треба да биде пречка. Се работи за пречки од одредени земји. Шолц ја посети Србија и на првата прес-конференција ги искажа условите дека Србија треба да го признае Косово за да го олесни животот во Западниот Балкан. Вучиќ реагираше како што реагираше. Вучиќ рече „ова никогоаш не било никаков услов, зошто сега го изнесувате во оваа чувствителна фаза како услов?“ И искрено да кажам дека тоа нема да помине, и ова не е охрабрувачки, вели Милановиќ. Тој посочи и дека од друга страна има држави членки на НАТО кои не го признаваат Косово. -Безбедноста значи заемно признавање, и треба на тоа да се сконцентрираме и да пренесеме порака до Србија, тие мора да го направат нивниот избор. Секој избор е легитимен, но избор треба да се направи. Или ќе се игра според правитлата, што понекогаш фрустрира, понекогаш поминува многу време во празни дискусии, Сбрбија треба да игра по подобри правила кои се спроведуваат, но не на вкупно задоволство, рече Милановиќ и изрази увереност дека овој проблем може да се реши посочувајчи на искуството на Хрватска и Словенија..  

Некои од земјитие од регионот, посочува меѓу другото Миланович, сега се обидуваат да станат и земји членки на НАТО и не трба да се одложува патот кон ингерација на овие земји уште 20 години.

Словенечкиот претседател Борут Пахор се заложи за доделување кандидатски статус и на БиХ.

-Според мене, во овој момент кога Советот за неколку дена ќе дебатира за кандидатскиот статус на Украина и дури можеби и за Молдавија, и јас силно ја поддржувам таа одлука, би сакал лидерите да зборат и за БиХ. Единственото нешто кое тие би можеле да го сторат во овој момент кога Босна не ги исполнува тие 14 услови за да го добие статусот, е да заборавите на условите токму во овој момент, да им дадете статус и да и упатите силен сигнал на БиХ и да и речете - добро можеби сте малку побавни отколку што сакавме, но нема веќе да ја одлагаме одлуката, ова е геополитичко прашање ние би сакале да направиме нешто со вашата земја, ве молиме бидете со нас во ова откако ќе ви дадеме статус на земја кандидат и ќе соработуваме со вас за нешто да почне да се случува, рече Пахор.. 

Тој смета дека со ова ќе биде испратена порака не само кон БиХ, туку кон секоја земја во Западниот Балкан дека нешто навистина се случува во Брисел, дека постои силна политичка волја да се стори нешто во Брисел.

-Сметам дека ова е правилниот пристап, цврсто стојам зад ова и би сакал да им се заблагодарам на многу мои колеги наоколу и 27 земји кои го поддржуваат овој предлог, вели Пахор кој се заложи дека треба да се премине кон поголема флексибилност кон ова прашање. 

Според него, процесот на проширување ќе биде силен и кредибилен во Западен Балкан ако видиме повеќе земји кои се придружуваат на НАТО што ќе донесе, вели, голема перспектива за мир, безбедност.

Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу рече дека запирањето на евроинтеграциите навистина предизвика големи фрустации меѓу населението во регионот. Потсети дека Косово чека пет години на одлука на ЕУ да му додели визна либерализација, а тоа сеуште не е ефектуирано. -Ова е лесна одлука затоа што ги исполнивме сите критериуми и затоа што апсолутно не постои никаква причина да се држат граѓаните на Коовово во едно гето. Кога станува збор за кандидатскиот статус на БиХ се надевам дека и Косово ќе го добие то аплицираме за тоа. Времето за тоа беше вчера, но колку поголем вакуум ќе остави ЕУ во ЗБ толку полоши ќе станат руските и кинеските влијанија во регионот. Прашањето е едноставно ако сакате да се борите против Русија и кинеското влијание признајте го Косово, дозволете да се случи визна либерализација, поддржете го кандидатскиот статус на Косово како и кандидатскиот статус на Босна. Сакате да се борите против руското влијание поддржете ја Северна Македонија и Албанија во патот напред, рече Вјоса Османи-Садриу. Според неа, кандидатскиот статус не носи многу, но, како што рече, носи надеж и порака дека сакаат да бидеме внатре, да бидеме членки, а нашето место е во ЕУ. Мило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора, пак, рече дека војната во Украина ја отрезни ЕУ и не отрезни сите бидејќи таа е агресија против европскиот систем на вредности. ЕУ е движечка сила на европскиот континент и таа мора да преземе одговорност за идната конкурентност на Европа. -Место јасно да се препознае дека ЕУ и НАТО, но пред се ЕУ,  имаат главна одговорност за европската иднина на секој европски регион имаме ЕУ која што се премислува, прво да ја продлабочат Европа па потоа да ја прошират. Тоа го уништи европскиот состем на вредности во ЗБ. Тврдам дека ќе ни требаат години да ги анулираат последиците од руската хибридна војна и уништувањето на Западниот Балкан. Важно е да бидеме свесни за тоа, рече Ѓукановиќ и порача дека ЕУ треба да се справи со нејзиниот недостаток на функционалност и поради спорот каков што е меѓу Северна Македонија и Бугарија. вг/мс/

Остани поврзан