• петок, 05 декември 2025

Пораз од Шведска на македонските кадети на ЕП Б дивизија во Скопје

Пораз од Шведска на македонските кадети на ЕП Б дивизија во Скопје

Скопје, 14.август 2025 (МИА) - Македонската кадетска кошаркарска репрезентација вечерва претрпе нов пораз на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје. Поуспешни беа кадетите од Шведска кои остварија победа од 84:79 (23:16; 21:20; 23:17 и 17:26) во натпревар за пласман од 9-16.место. 

Противникот водеше во текот на целиот натпревар, а највисокото водство го имаше во финишот на третиот период +18 (67:49). Младите македонски кошаркари сепак успеаја да го донесат натпреварот во неизвесна завршница кога намалија на 79:77, но немаа сили за комплетен пресврт. 

Најефикасен на дуелот беше Теон Бошковски со 27 поени, додека кај Шведска најпрецизен беше Александар Лукиќ - Гавриќ со 25 поени.

Македонските кадети утре ќе играат натпревар за разигрување од 13-16 место, а противници ќе им бидат поразените од дуелот Бугарија - Исланд. Почетокот на дуелот е во 16 часот.   мн/

Фото: Фејсбук КФСМ

Остани поврзан