• петок, 05 декември 2025

Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари

Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари

Скопје, 5.август 2025 (МИА) - Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:1 во сетови од Швајцарија. Ова беше првиот натпревар од 49.то издание на меѓународниот турнир „ВасилХаџииљоски - Чајка“.

Резултат по сетови: 25:23; 15:25; 24:26 и 23:25.

Македонските одбојкари добро го почнаа дуелот и го добија првиот сет со 25:23, откако имаа подобра игра во завршницата во сетот. Во вториот сет комплетна доминација на ривалот, кој сетот го зарши со десет поени разлика.

Клучен беше третиот сет. Македонија имаше водство од 24:22 и не искористи две сет топка за водство од 2:1, а противникот направи серија од 4-0 и го доби сетот и поведе со 2:1 во сетови. Во четвртиот сет Швајцарија имаше предност во завршницата, која ја реализираше за да го освои сетот со 25:23.

Утре на турнирот играат Швајцарија и Бугарија (втор тим), додека в четврток од 19 часот е дуелот меѓу Македонија и вториот бугарски национален тим.   мн/

Фото: Фејсбук Одбојкарска федерација на Македонија

Остани поврзан