Пораз на втората контрола за македонските одбојкари во Софија
- Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз со 3-0 во сетови на вториот контролен натпревар со Бугарија во Софија
Софија, 30.јули 2025 (МИА) - Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз со 3-0 во сетови на вториот контролен натпревар со Бугарија во Софија. Резултат по сетови: 25:19, 25:23 и 25:21.
Во договор на двајцата селектори беше одигран уште еден сет, кој го добија домашните играчи со 27:25. Исто како и вчера кога Македонија беше поуспешна (3-0) натпреварот се играше зад затворени врати во салата „Левски“ во Софија.
Селекторот Јошко Миленкоски одново им даде шанса на сите кои ги имаше на располагање. Македонските одбојкари ги очекуваат мечевите од квалификациите за Европското првенство против Грција и Грузија.
Репрезентацијата попладнево се враќа во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за евро-квалификациите. мн/
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија