• вторник, 26 ноември 2024

Поради снежна бура во источните делови на САД затворени училиштата и откажани летови

Поради снежна бура во источните делови на САД затворени училиштата и откажани летови
Вашингтон, 7 јануари 2022 (МИА) - Снежна бура денеска ги зафати источните делови на САД, затворајќи ги училиштата и канцелариите на федералната влада, додека воздушниот сообраќај е во прекин два дена. Поради невремето затворен е и главниот автопат во Вирџинија. Предупредувањата за снежна бура беа во сила до пладне во областа од Вашингтон до Мејн, соопшти Националната метеоролошка служба. Во делови од Кентаки, Вирџинија, Пенсилванија, Њујорк и Мериленд паднаа 15-20 сантиметри снег. До денеска, повеќе од 400 летови беа одложени или откажани од аеродромите во Њујорк, Бостон и Вашингтон, според Flightaware.com. Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба во неговата држава и ги повика жителите да избегнуваат патувања. паг/  

Остани поврзан