• среда, 25 декември 2024

Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар

Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - Поради интензивни врнежи од снег, воведени се нови забрани за движење на тешки товарни моторни возила (ТТМВ) на магистралниот пат Кичево - Охрид и кај преминот Плетвар, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. 

Од 15:30 часот, забраната важи на магистралниот пат Кичево - Охрид и обратно, додека од 16:20 часот, забраната е воведена и на магистралниот пат А3 кај преминот Плетвар.

Претходно, од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, информираа дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила, попладнево е воведена на Пресека и на планинскиот превој Буково. ар/вг/


Фото: МИА архива 

Остани поврзан