• петок, 05 декември 2025

Поради санација на главниот цевковод утре прекин во водоснабдувањето во Свети Николе

Поради санација на главниот цевковод утре прекин во водоснабдувањето во Свети Николе

Свети Николе, 1 септември 2025 (МИА) – Поради санација на дефект на главниот цевковод за водоснабдување на градот Свети Николе, утре од 8 часот ќе има прекин во водоснабдувањето, информираат преку писмено соопштение на социјалните мрежи од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Комуналец“ - Свети Николе.

Прекинот ќе трае се до завршување на работите од страна на ЈП „ХС Злетовица“ – Пробиштип. Екипите на претпријатието ќе настојуваат работите да бидат завршени во најкраток можен рок, по што ќе биде воспоставено нормално водоснабдување на градот, се вели во соопштението од ЈКП „Комуналец“ - Свети Николе.

Ги замолуваат граѓаните на време да се снабдат со доволни количини вода за пиење и за основни потреби бидејќи редовното водоснабдување ќе се воспостави веднаш по завршување на санацијата. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан