• сабота, 23 ноември 2024

Поради напад на џихадистите околу 180 луѓе заробени во хотел во Мозамбик

Поради напад на џихадистите околу 180 луѓе заробени во хотел во Мозамбик
Мапуто, 27 март 2021 (МИА) - Околу 180 лица, вклучително и странски работници, се заробени во хотел во мозамбискиот град Палма, поради напад на џихадистите, сооопшти синоќа армијата. Џихадистите го нападнаа Палма во средата, еден ден откако француската компанија Тотал најави дека продолжува изградбата на најголемата постројка за гас, што треба да почне со работа во 2024 година. Тотал е главниот инвеститор во проектот, во кој учествуваат и италијанската компанија Ени и американската фирма Ексон Мобил. Џихадистите ги принудија жителите на Палма да бараат засолниште во блиската шума, а работниците да се засолнат хотелот „Амарулу“. Владата го потврди нападот и рече дека безбедносните сили започнале операција против бунтовниците. Армијата на Мозамбик вчера се обиде со хеликоптери да ги евакуира работниците од хотелот. Според очевидци целиот град е уништен и има голем број жртви. Работниците тврдат дека повеќе нема храна во хотелот. Палма е лоциран на на околу 1.800 км североисточно од Мапуто, во провинцијата Кабо Делгадо богата со гас. Припадници на џихадистичката група Ал Шабаб (млади на арапски јазик) дејствуваат во провинцијата Кабо Делгадо од 2017 година. Ал Шабаб во 2019 година се приклучи на Исламистичка држава. Нападите на џихадистите се интензивираат последните месеци. Во изминатите три години во нападите на Ал Шабаб загинаа најмалку 2.600 луѓе, од кои поголемиот број цивили, а над 670.000 жители мораа да ги напуштат своите домови. ми/

Остани поврзан