• вторник, 24 декември 2024

Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи

Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи

26 октомври 2023 година

Хина

 

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година.

Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата.

Може ли Бајден да го загуби Мичиген?

Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт.

Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови. 

Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти.

-Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд.

Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа.

„Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X. 

„Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој.

Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат.

„Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија.

Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“.

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан