• понеделник, 23 декември 2024

Поради војната во Украина, пиварите од Баварија речиси и да не испорачуваат пиво во Русија

Поради војната во Украина, пиварите од Баварија речиси и да не испорачуваат пиво во Русија
Берлин, 23 август 2022 (МИА) - Пиварите од германската покраина Баварија, поради војната во Украина, речиси и да не испорачуваат пиво во Русија. Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е целосно запрен. Портпаролот Лотар Еберц за „Билд“ информираше оти во јануари извезени се околу 77.477, а во февруари 78.797 хектолитри пиво во Русија. - По почетокот на војната во Украина, значително опадна извозот на пиво во Русија. Во март на околу 47.313, а во јуни на 23.249 хектолитри, наведе Еберц. За пиварите, запрен извоз во Русија е посебен проблем затоа што таа држава, по Италија, е најголема извозна дестинација за пиво од Баварија. Минатата година Баварија извезе околу 950.000 хектолитри пиво во Русија. бд/зш/

Остани поврзан