Поради американско-израелските напади девет болници во Иран прекинаа со работа
- Од почетокот на тековната војна оштетени се и 18 одделенија за итни случаи, 25 здравствени центри, а уништени се 14 амбулантни возила, изјави членот на здравствената комисија, пратеникот Мохамад Џамалијан
Техеран, 10 март 2026 (МИА) – Иранските здравствени власти денеска соопштија дека девет болници во земјата ќе престанат со работа поради воздушните напади на САД и Израел.
Од почетокот на тековната војна оштетени се и 18 одделенија за итни случаи, 25 здравствени центри, а уништени се 14 амбулантни возила, изјави членот на здравствената комисија, пратеникот Мохамад Џамалијан.
Тој истакна дека Иран има стратешките резерви на лекови за шест месеци, а веќе е регистриран недостиг од некои лекови.
Џамалијан наведе дека се суспендирани сите несуштинските процедури, а фокусот е на лекување на повредените во војната и итните случаи.
Според него во болниците сега се лекуваат 1.400 повредени лица. ми/ссм/
фото: ЕПА