• недела, 01 септември 2024

Во Скопје утре конференција посветена на транзицијата кон обновливи извори на енергија

Во Скопје утре конференција посветена на транзицијата кон обновливи извори на енергија

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје утре ќе се одржи конференција посветена на транзицијата кон обновливи извори на енергија што ја организира Македонското здружение за обновливи извори на енергија МАРЕС.

 - Идејата за асоцијацијата потекнува од една глобална иницијатива којашто е започната одамна, а таа е Транзиција на производителите на електрична енергија од фосилни, односно загадувачи, кон незагадувачи. Таа иницијатива води до обезбедување и финансирање на самата транзиција, односно финансирање на проекти коишто би биле поврзани со обновливи извори на енергија, истакна претседателот на здружението Слободан Поповски на денешната средба со медиумите.

Според експертот за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, Ендрита Џаферај, зазеленување на економијата е една од стратешките цели на ЕБОР.

 - Транзицијата кон зелена енергија е важна за целиот регион, но особено за Северна Македонија, бидејќи тука има промена од јаглен кон обновливи извори на енергија, нагласи таа.

Џаферај посочи дека приватниот сектор има клучна улога во процесот на оваа транзиција и дека токму затоа даваат поддршка на овој сектор. сан/бак/

 

Фото: МИА

Остани поврзан