• вторник, 24 декември 2024

Поповски: Видно ме вознемири веста за Универзалната сала, за среќа нема човечки жртви

Поповски: Видно ме вознемири веста за Универзалната сала, за среќа нема човечки жртви

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Видно ме вознемири веста дека гори Универзалната сала. Универзалната сала е синоним за сите луѓе, веројатно попрепознатлив и од старата железничка и од Зоолошка градина и од сите објекти во оваа држава, изјави поранешниот директор на Универзална сала Душко Поповски, кој денеска го посети објектот откако претпладнево избувна пожар.

За среќа, како што посочи, нема човечки жртви ниту повредени луѓе.

-Бев тука директор од 2005 до 2009 година, време во кое што и тогаш беше преамортизиран објектот, дури беше и на граница на употреблива вредност, значи ваков објект од времен карактер не смееше да работи во такво светло повеќе од 40 или 50 години. Не работи веројатно последниве седум, осум години, меѓутоа од кога станав директор прва информација која што ја примив беше дека сличен објект или ист ваков, бидјеќи е бугарски проект, во Бугарија изгорел за седум минути. Можете ли да замислите каква трагедија би било во случај на преполна сала, рече Поповски.

Додаде дека за Универзална сала сите знаеја, затоа што за нејзиното времетраење на работа поминати се повеќе од шест милиони посетители. 

- Мислам дека за Универзална сала сите знаеја затоа што за нејзиното времетраење на работа поминати се повеќе од шест милиони посетители. Мојот најголем страв беше дека еден ден ќе се случи пожар и навистина се случи, меѓутоа за среќа, веројатно без човечки жртви денеска и без некои повредени луѓе. Навивам да е така, рече Поповски.

На прашање дали верува дека конечно ќе се возобнови Универзална сала, тој рече дека уште во 2005 година кога стапил на должноста имало проект за реконструкција и доградба.

-Тој проект се менуваше, пак велам, не знам за какви интереси, меѓутоа тој проект што јас го започнав во тоа време, можеби и некои од моите претходници не се реализира. И сето тоа така тлееше, среќно е што се запали или не се сруши, изјави Поповски.

Пожар избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје. Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот. 

Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање. бд/бт/

Фото МИА

 

Остани поврзан