• понеделник, 23 декември 2024

Поплавите во Јужен Судан им се закануваат на 1,4 милиона лица и раселија 379.000 лица

Поплавите во Јужен Судан им се закануваат на 1,4 милиона лица и раселија 379.000 лица

Најроби, 9 ноември 2024 (МИА) - Поплавите во Јужен Судан погодија 1,4 милиони луѓе и раселија над 379.000, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA).

Агенцијата на ОН предупреди на повторна појава на маларија во неколку региони погодени од лоши временски услови.

Маларијата го загрозува „здравствениот систем и ја влошува состојбата и влијанието во подрачјата погодени од поплавите“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.

Јужен Судан се соочува со најголеми поплави во последните децении, особено на северот, наведуваат хуманитарните групи.

Поплавите ги погодија жителите на 43 области на Јужен Судан.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан