• вторник, 24 декември 2024

Попис 2021: Според видот на образование 18,6 проценти од резидентно население над 15 години се во Инженерство, производство и градежништво, а 1,9 проценти во ИКТ

Попис 2021: Според видот на образование 18,6 проценти од резидентно население над 15 години се во Инженерство, производство и градежништво, а 1,9 проценти во ИКТ
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка најмногу 19,5 проценти од вкупно резидентно население на возраст над 15 години се во полето Општи програми и квалификации, додека најмалку или 1,9 проценти се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. Во Здравство и социјална заштита се само 7 проценти, додека во полето на Природни науки, математика и статистика се 3 проценти. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Според полето на образование во највисокиот степен на образование од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години: - 197 810 лица или 19,5 проценти се во полето Општи програми и квалификации; - 189 736 лица или 18,6 проценти се во полето Инженерство, производство и градежништво; - 148 180 лица или 14,5 проценти се во полето Општествени науки, новинарство и информирање; - 81 494 лица или 8 проценти се во полето Бизнис, администрација и право; - 71 102 лица или 7 проценти се во Здравство и социјална заштита; - 59 215 лица или 5,8 проценти се во полето Образование; - 54 779 лица или 5,4 проценти се во полето Услуги; - 48 857 лица или 4,8 проценти се во полето Уметност и хуманистички науки; - 40 455 лица или 4 проценти се во полето Земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина; - 30 624 лица или 3 проценти во Природни науки, математика и статистика; - 19 044 лица или 1,9 проценти во полето Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ); - 75 293 лица или 7,4 проценти се во непознато поле. аа/са/

Остани поврзан