• вторник, 24 декември 2024

Понтеш: Роналдо е „Супермен“

Понтеш: Роналдо е „Супермен“
Лисабон, 5 април 2020 (МИА) - Тренерот на тимот на Спортинг У23, Леонел Понтез го нарече напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо „Супермен“. - Не е впечатливо што Роналдо е толку добар на 35 години, но импресионира неговата стабилност. Тој е вистински „Супермен“. Роналдо игра на толку високо ниво долги години, менувајќи ги земјите и позициите, изјави португалскиот тренер. По принудната пауза поради пандемијата, Понтеш очекува играчот на Јувентус да се врати на терените уште посилен. - Ваквиот одмор, особено на оваа возраст, ќе му помогне да ги наполни батериите пред да ја нахрани гладта и желбата да игра. Оваа сезона во Серија А, Роналдо настапи на 22 натпревари за Јувентус, на кои постигна 21 гол и забележа три асистенции. зс/

Остани поврзан