Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.
Како што соопшти попладнево Кабинетот на претседателката, шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор. дма/бак/
Фото:МИА архива