• понеделник, 23 декември 2024

Пол Џорџ: Ако играше Каваи, ќе беше друга песна

Пол Џорџ: Ако играше Каваи, ќе беше друга песна
Лос Анџелес, 1 јули 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, по поразот од Феникс (103:130) и губење на финалето на Западот со 2-4 од Феникс санс, се пожали на отсуството на лидерот на тимот Каваи Ленард. Ленард целосно ја пропушти серијата поради повреда на коленото. - Ако Каваи играше, тоа ќе беше друга песна. Зборуваме за еден од најдобрите играчи во лигата. И без него бевме блиску до пласман во следната рунда. Постојат многу различни „што ако“, но главниот резултат е што не успеавме да ја постигнеме целта, изјави Џорџ. Тој на натпреварот рано утрово постигна 21 поен и девет скока. зс/

Остани поврзан