Пол позицијата на ГН на Јапонија за Антонели
- Италијанскиот возач во Ф1 Кими Антонели ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија
Сузука, 28.март 2026 (МИА) – Италијанскиот возач во Ф1 Кими Антонели ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Тој во квалификациите имаше најбрз круг – 1:28.778 минута.
За комплетна доминација на Мерцедес во квалификациите се погрижи и вториот возач на овој тим Џорџ Расел, кој ќе стартува од првиот ред – втората позиција. Ова е првпат по 2018 година возачите на Мерцедес да го имаа првиот ред на стартот на трката во Сузука.
Третото место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а Шарл Леклер од Ферари избори четврто време. Шампионот Ландо Норис од Мекларен е петти, а до него ќе биде Луис Хамилтон од Ферари.
Изненадување претставува 11.место на Макс Верстапен, откако во самиот финиш на втората квалификациска сесија беше „претекнат“ од Арвид Линдбланд.
Стартот на трката за ГН на Јапонија е утре (недела) во 7 часот. мн/
Фото: ЕПА