Полуфинале во двојки за Стоилковска на фјучерс во Србија
- Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија денеска пласман во полуфиналето на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки.

Куршумлиска бања, 10 мај 2024 (МИА) – Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија денеска пласман во полуфиналето на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки.
Македонско-руската комбинација во дуелот од второто коло забележаа победа од 2-1 во сетови (6-1, 0-6 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија.
Натпреварот се играше 56 минути.
Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија. ег ФОТО: МТФ