• понеделник, 23 декември 2024

Полскиот претседател ја одби заедничката фотографија на самитот на ОН во Баку поради Лукашенко

Полскиот претседател ја одби заедничката фотографија на самитот на ОН во Баку поради Лукашенко

Баку, 12 ноември 2024 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит КОП29 што се одржува во Баку.

Како што објави полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Од истата причина, минатата година, Дуда не присуствуваше на заедничко фотографирање со учесниците на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“. паг/



 

Остани поврзан