• понеделник, 23 декември 2024

Полска со јужнокорејска опрема ќе произведува тенкови „К2 Црн Пантер“, јави полска новинска агенција

Полска со јужнокорејска опрема ќе произведува тенкови „К2 Црн Пантер“, јави полска новинска агенција

Варшава, 22 јуни 2024 (МИА) - Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш најави дека неговата земја ќе произведува тенкови „К2 Црн Пантер“ користејќи јужнокорејска опрема, јави полската државна новинска агенција.

Кошињак-Камиш рече дека Полска има за цел да биде сервисен центар за јужнокорејска опрема купена и за потребите на Полска и за други европски земји, како што е Романија. Тој напомена и дека тенковите К2 ќе се произведуваат во Полска и дека јужнокорејската земја се ангажира за што поскоро пренесување на технологијата.

Според полскиот министер, неговиот јужнокорејски колега Шин Вон-сик договорил со него „распоред на акција за спроведување на заеднички договори поврзани со набавките за полската армија - главно тенкови К2, самоодни хаубици К9, авиони ФА-50 и ракетни лансери „Чунму“.

Полска порача напредна воена опрема од Јужна Кореја, вклучувајќи ракетна артилерија Чунму, тенкови К2, самоодни хаубици К9 и борбени авиони ФА-50, како одговор на зголемените закани од Москва по руската инвазија на Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан