Полска денеска и официјално се повлече од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини
- Залевски нагласи дека мините ќе бидат распоредени само во случај на реална закана од руски напади, а одлуката беше критикувана од групите за човекови права поради опасноста за цивилите.
Варшава, 20 февруари 2026 (МИА) - Полска денеска и официјално се повлече од Конвенцијата од Отава од 1997 година, која забранува употреба на противпешадиски мини, и планира да го продолжи нивното производство за одбраната на своите источни граници од Русија, изјави заменик-министерот за одбрана, Павел Залевски.
Полска претходно ги уништи своите домашни резерви од мини во 2016 година и го ратификува договорот во 2012 година, но сега има намера да произведува противпешадиски и противтенковски мини како дел од Источниот штит, систем за утврдување на своите граници со Белорусија и Русија, објавија американските медиуми.
Залевски нагласи дека мините ќе бидат распоредени само во случај на реална закана од руски напади, а одлуката беше критикувана од групите за човекови права поради опасноста за цивилите.
Полска тврди дека ги зајакнува своите одбранбени капацитети, но не планира напади.сд/мс/
Фото:МИА архива