• вторник, 24 декември 2024

Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Дваесет и три години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Скопје, 8 август 2024 (МИА) – По повод одбележувањето на 23-годишнината од загинувањето на десетте резервисти од Прилеп кај месноста Карпалак, денеска делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието ќе положат цвеќе на спомен-плочата на бранителите на местото каде што загинаа и пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп.

Од Министерството за одбрана најавуваат дека положувањето на венците со свежо цвеќе кај месноста Карпалак ќе се одржи во 09:00 часот, а во Прилеп од 13:00 часот.

Делегација на Собранието, во состав: Билјана Кузмановска, Миле Талевски и Павле Арсоски, ќе положи свежо цвеќе во 13:00 часот пред комплексот Карпалак во Прилеп. ир/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан