Положено цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили
- Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година.
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на припадникот на македонските безбедносни сили, Драго Маневски, беше одбележана 24-годишнината од неговата смрт, се наведува во соопштението од Општина Илинден.
Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година.
Драго Маневски, роден во Марино во 1966 година, го загуби животот на 11 ноември 2001 година во село Требош, како припадник на безбедносните сили на Република Македонија, борејќи се за својата татковина.
Фото: Општина Илинден