• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата спречи демонстрации на десничарската Народна патрола пред Амбасадата на САД во Белград

Полицијата спречи демонстрации на десничарската Народна патрола пред Амбасадата на САД во Белград
Белград, 16 октомври 2021 (МИА) - Силни полициски сили се распоредени пред Амбасадата на САД во Белград поради најавениот протест на ултранационалистичката организација „Народна патрола“ поради, како што изјавија, инцидентите што се случија деновиве во Северна Митровица и Звечан на Косово, кога беа повредени неколку граѓани од српска националност, од кои двајца тешко, јавија телевизиите Н1 и Нова. Учесниците на протестот се откажаа да одат пред Амбасадата на САД 15 минути по почетокот на протестот и отидоа пред ТВ Пинк. По краткиот престој пред таа телевизија, тие повторно се упатија кон Американската амбасада, но жандармеријата повторно ги запре на половина пат. Потоа повторно отидоа до кружниот тек кај болницата Драгиша Мишовиќ. Поради триесетина демонстранти, претежно малолетници, сообраќајот во тој дел од градот беше забавен. Пред телевизијата Пинк на насобраните им се обрати Дамњан Кнежевиќ по што ситуацијата беше прилично мирна. Членовите на обезбедувањето на оваа телевизија поставија ограда за да ги спречат демонстрантите да се пробијат во ТВ Пинк. Покрај тоа, тие му скандираа на сопственикот на Пинк дека неговиот син е убиец. После тоа, тие повторно се упатија кон Американската амбасада. -Налудничаво е ако некој мисли дека ние можеме да и наштетиме на Американската амбасада. Не можеме да стигнеме до таму. Сакаме да ги поддржиме нашите граѓани во Косово да не излезат на избори утре. Оваа Амбасада го бомбардираше нашиот народ и заедно со припадниците на КФОР се одговорни за насилствата од пред неколку дена, изјави Кнежевиќ. Полицијата го попречи пристап до Амбасадата на САД. об/ми/  

Остани поврзан