Полицијата со помош на Европол демонтирала лабораторија за дрога во Латвија
- Полицијата во Латвија во соработка со Европол демонтирала голема илегална лабораторија во земјата, која била клучна локација за производство на синтетичка дрога во Европа.
Рига, 10 октомври 2024 (МИА) - Полицијата во Латвија во соработка со Европол демонтирала голема илегална лабораторија во земјата, која била клучна локација за производство на синтетичка дрога во Европа.
За време на акцијата, на почетокот на октомври биле извршени рации низ цела Латвија и притоа се уапсени осум лица осомничени за вмешаност во производство на наркотици.
Како што се наведува во соопштението на Европол, меѓу уапсените има и клучни личности на криминална организација.
Како поддршка на латвиските власти, Европол го распореди својот тим за тактичка демонтажа на лабораторија во градот Алуксне, во близина на руската граница, за да помогне во отстранувањето на лабораторијата. паг/
Фото: МИА архива