• среда, 25 декември 2024

Полицијата приведе 19-годишен жител на радовишко Бучим во чиј дом биле пронајдени 800 грама марихуана

Полицијата приведе 19-годишен жител на радовишко Бучим во чиј дом биле пронајдени 800 грама марихуана

Скопје, 7 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш денеска во 06:40 часот го лишиле од слобода Е.З.(19) од село Бучим, радовишко, во чиј дом при претрес, извршен со судска наредба, биле пронајдена околу 800 грама марихуана.

Од МВР информираат дека лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Е.З. ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/

Фото: МВР

Остани поврзан