• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата приведе затвореник од Велес на отсуство по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Полицијата приведе затвореник од Велес на отсуство по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Велес, 31 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12:50 часот  го лишиле од слобода 52-годишниот  И.Н. од Велес, кој бил на викенд отсуство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат, информира од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појаснува дека тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавија од СВР Велес. ад/сст/

фото мИА архива

Остани поврзан