• петок, 30 јануари 2026

Полицијата приведе велешанец кој со запалена цигара и нанел повреди на сопругата

Полицијата приведе велешанец  кој со запалена цигара и нанел повреди на сопругата

Велес, 29 јануари 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:40 часот  лишиле од слобода 32-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот скршил предмети и со запалена цигара и нанел повреда на неговата 33-годишна сопруга. 

Како што денеска информираат од СВР Велес, при преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,50 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавија од СВР Велес. ад/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан