• петок, 30 август 2024

Полицијата за два дена во три угостителски објекти затекнала малолетници по полноќ и како им се точи алкохол

Полицијата за два дена во три угостителски објекти затекнала малолетници по полноќ и како им се точи алкохол

Струмица, 29 декември 2023 (МИА) - За два дена во три угостителски објекти во Струмица полицијата затекнала малолетници по поноќ и како им се точи алкохол.

Ова го соопштија од СВР Струмица, од каде наведуваат дека синоќа во два угостителски објект било констатирано присуство на малолетници по 24:00 часот и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, вчеравечер полицајци во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници по полноќ, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат, пак, било издадено Решение за забрана за работа на истиот објект заради непочитување на работното време.

Завчера началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов во изјава за медиумите посочи дека за новогодишните и божиќните празници ќе се преземат засилени мерки и контроли, меѓу кои и на угостителски објекти. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан