• недела, 21 јули 2024

Полицијата затекна малолетник од Битола во обложувалница

Полицијата затекна малолетник од Битола во обложувалница

Битола, 15 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола - Отсек за криминалистичка полиција спроведоа акциска контрола во спортски обложувалници и казина на подрачјето на Битола.

Од СВР-Битола информираат дека за време на вчерашната акција во периодот од 18 до 22 часот, бил констатиран еден прекршок по член 20 од Законот за игри на среќа, односно во една обложувалница бил затекнат малолетник, кој бил предаден на родителите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, потврдија од СВР-Битола. мт/сст/

Остани поврзан