• сабота, 06 декември 2025

Полицијата го утврди идентитетот на лицата кои синоќа во центарот на Струмица се тепаа со секира-едното е приведено, другото се бара

Полицијата го утврди идентитетот на лицата кои синоќа во центарот на Струмица се тепаа со секира-едното е приведено, другото се бара

Струмица, 27 јули 2025 (МИА) - По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара.

Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во трепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип.

- Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот побегнал е објавен централен распис за негово пронаоѓање, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. рт/ац/

Фото: принт скрин видео фејсбук

Остани поврзан