• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата во Саксонија истражува манипулации со гласачки ливчиња во корист на крајната десница

Полицијата во Саксонија истражува манипулации со гласачки ливчиња во корист на крајната десница

Дрезден, 3 септември 2024 (МИА) - Полицијата во источната германска покраина Саксонија истражува манипулирани гласачки ливчиња, поднесени по пошта за време на изборите за покраински парламент (Ландтаг), кои се одржаа во неделата, пренесе ДПА.

Според властите во градот Дрезден, непознати лица ги избришале вистинските гласови на десетици луѓе и наместо тоа, означиле поддршка за крајнодесничарската партија „Слободни Саксонци“.

Членовите на изборните комисии во најмалку два избирачки округа ги откриле манипулираните гласачки ливчиња при броењето на гласовите. Досега се пронајдени околу 100 манипулирани гласачки ливчиња. Партијата „Слободни Саксонци“ освои 2,2 проценти од гласовите во покраината.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан