• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Во рамки на акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во периодот од 16.00 до 22.00 часот полицијата санкционираше 232 возачи.

Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за  заеднички  придонесе за побезбедни патишта. сст/са/

Фото МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан