• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата во Ереван ги апси демонстрантите кои ја блокираа владата

Полицијата во Ереван ги апси демонстрантите кои ја блокираа владата
Ереван, 24 декември 2020 (МИА) - Ерменските специјални полициски сили денеска започнаа со апсење демонстранти кои ја блокираа зградата на владата во главниот град Ереван, а демонстрантите предводени од опозицијата се упорни во нивните барања да не се откажат се додека премиерот Никол Пашинјан не поднесе оставка. „Членовите на кабинетот не можеа да влезат во зградата наутро и сега нашата цел е да ги држиме под блокада се додека премиерот Пашинјан не поднесе оставка“, рече еден од лидерите на опозицијата, Ишан Сагателиан, кој ги организира протестите. Ситуацијата останува тензична, демонстрантите се уште го блокираат централниот плоштад во градот и блиските улици. Претходно, ерменскиот претседател Армен Саркисјан повика на предвремени парламентарни избори, а Пашинјан, кој рече дека не планира да поднесе оставка затоа што владите треба да се менуваат само на избори, според некои блиски извори не ја исклучи можноста за предвремени избори. Ерменската опозиција смета дека заедничката изјава што Пашинјан ја потпиша на 9 ноември со рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со што се стави крај на воениот конфликт во регионот Нагорно Карабах, всушност значи предавство на државата. паг/

Остани поврзан