• среда, 25 декември 2024

Полициски хеликоптер исфрлил над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта

Полициски хеликоптер исфрлил над 38 тони вода  врз пожарот на планината Серта

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици денескапродолжи да дејствува врз пожар што е се уште  активен на планината Серта.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот во 25 налети исфрлил над 38 тони вода.

Како што посочуваат, во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот бил ставен под контрола продолжил да се дејствува на преостанатите краци од пожарот. фф/нд/

Фото: Принтскрин, видео: МВР

Остани поврзан